Во просториите на Ракометна Федерација на Македонија се одржа извлекување на натпреварувачките броеви за клубовите учесници во Супер машката лига за сезона 2026/27.
Веќе ги имаме паровите за првата рунда и веќе на самиот старт ќе имаме дерби и тоа во Охрид. Имено актуелниот освојувач на ЕХФ Купот ќе биде домаќин на Еурофарм Пелистер кој во новата сезона ќе биде предводен од Лино Червар.
Актуелниот шампион Вардар ќе тргне во одбрана на пехарот на домашен терен и тоа против Еурофарм Пелистер 2.
На стартот ќе имаме и „братко дерби“ меѓу Алкалоид и Мулти Есенс.
Новата сезона ќе започне на почетокто на септември.
Парови прво коло:
Бутел Скопје – Младост Богданци
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Пролет – Тиквеш
Прилеп – Куманово
Алкалоид – Мулти Есенс





