Аргентина се подготвува за вториот меч на Светското првенство, средбата со Австрија на кој со победа може да го обезбеди пласманот во наредната фаза.
Аргентинците се актуелни светски шампиони, имаат добар почеток на мундијалот, па изненадувачки беа критиките на селекторот на Бразил, Карло Анчелоти за стилот на игра на „гаучосите“.
Тој истакна дека Аргентина не игра интензивен фудбал, коментар за кој доби одговор од Лионел Скалони.
- Го сфаќам тоа на добар начин. Зборуваше пофално за нас, не зборуваше лошо. Добро разбрав што кажа. Бидејќи зборуваше мешавина од шпански, италијански и португалски, можеби не беше сосема јасно. Го разбрав како комплимент, а не како критика. Многу сум сигурен во тоа. Мора да се види што се подразбира под интензитет.
- Кога ја немате топката, мора да се обидете да се осигурате дека нема да ве повредат. Нема многу што ве притискаат високо и човек на човек. Тимовите стануваат силни во средината на теренот и тука се дефинира играта. Без разлика дали победувате со тројца напаѓачи или се браните со тројца или петмина во одбраната, реакцијата кога ја губите топката е она што е важно, -порача предводникот на актуелниот шампион.
Лионел воедно е задоволен од тоа како тимот се развива и тоа што сè уште ја има гладта за победа.
- Тимот е на вистинскиот пат иако поминаа три и пол години. Тие не покажаа знаци дека ќе го тргнат стапалото од гаста и затоа се тука. Секогаш има простор за подобрување и тие ја разбраа пораката многу добро. Многу е тешко за сите да стигнат до 100 проценти поради бројот на одиграни натпревари, но сите 26 играчи се достапни и подготвени за игра, - заклучи стратегот.






