ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска зборува за стандард, а граѓаните паметат инфлација и осиромашување

Макфакс

22/06/2026

11:30

255

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на Јована Тренчевска, истакнувајќи дека за време на владеењето на СДСМ граѓаните се соочиле со висока инфлација и осиромашување, додека актуелната влада ги зголемува платите, пензиите и намалува невработеност.

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Јована Тренчевска, оценувајќи дека за време на владеењето на СДСМ граѓаните се соочувале со двоцифрена инфлација и намалена куповна моќ.

„По седум години политики кои го доведоа народот на работ на егзистенција, денес на СДС им пречат мерките што носат повисоки приходи и подобар стандард за граѓаните“, се вели во реакцијата.

Од партијата тврдат дека актуелната Влада спроведува политики кои даваат резултати, посочувајќи дека просечната нето-плата од 2024 година досега е зголемена за близу 8.000 денари или 19,6 проценти.

Во реакцијата се наведува дека се зголемени пенсионите, како и платите во здравството, образованието, одбраната и полицијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, а вработеноста е зголемена од 45,6 на 46,5 проценти.

Партијата посочува и дека земјава бележи раст на БДП од 3 проценти во седум последователни квартали, оценувајќи дека економските политики создаваат услови за натамошно подобрување на животниот стандард.