Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град
Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и в среда (наместа до 15 л/м²), прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.







