Над 1.000 случаи на ебола во Конго, починати 254 лица

Макфакс

22/06/2026

11:30

209

Големина на фонт

а а а

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 1.000, со 254 починати, додека епидемијата се прошири и во Уганда. Властите се борат со контрола на ширењето, но предизвик претставува отсуството на вакцина и специфична терапија.

Повеќе од еден месец по почетокот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, бројот на потврдени случаи надмина 1.000. Според властите, од 1.003 заразени лица починале 254, додека 100 се опоравиле. Во моментов 365 пациенти се лекуваат во болници и изолациски оддели.

Епидемијата се проширила и во Уганда, каде што се регистрирани 19 случаи и два смртни случаи поврзани со заразата од Конго.

Властите следат 58 отсто од контактите на заразените, додека Светска здравствена организација наведува дека за успешно запирање на ширењето на болеста потребно е да се идентификуваат и следат најмалку 90 отсто од контактите.

Сегашната епидемија е особено тешка за контрола бидејќи сè уште нема вакцина ниту специфична терапија за сојот на вирусот ебола Бундибугио.