Денеска „сендвич-време“ – првин сончево, потоа невремиња

Нетпрес

22/06/2026

07:57

535

Големина на фонт

а а а

Иако денеска почнува одреден период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, тие ќе бидат пообилни утре и задутре (наместа до 15 л/м²), предупредува УХМР

Времето претпладнево ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Но попладне ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во помирниот дел од денот, ќе дува слаб до умерен, повремено засилен, ветер од северен правец.

И во Скопје претпладнево ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер.

Иако денеска почнува одреден период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, тие ќе бидат пообилни утре и задутре (наместа до 15 л/м²), предупредува УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.