63-годишен скопјанец пронајден мртов во својот дом во Аеродром

Макфакс

21/06/2026

14:14

424

Големина на фонт

а а а

63-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во својот дом во Општина Аеродром, а истрагата е во тек под надзор на јавен обвинител.

Шеесет и тригодишниот К.С. од Скопје бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 20 јуни во 21:45 часот.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.