Утре псебен режим на сообраќај во Скопје

Макфакс

19/06/2026

16:40

429

Големина на фонт

а а а

Утре во Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај поради одржување на јавен настан. На граѓаните им се советува да ги почитуваат наредбите на полицијата за непречено одвивање на сообраќајот.

Утре, 20 јуни, поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.