Откажана најавената блокада на трите гранични премини меѓу Бугарија и Македонија

Макфакс

19/06/2026

11:10

568

Големина на фонт

а а а

Најавената блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Северна Македонија е откажана по разговори меѓу бугарските институции и претставници, со цел да се избегнат дополнителни тензии во регионот.

Најавената блокада на трите гранични премини меѓу Бугарија и Северна Македонија, која требаше да се одржи в недела, е откажана, соопшти Виктор Стојанов, претседател на бугарската Фондација „Македонија“.

Како што пренесува БНТ, одлуката е донесена по разговори со претставници на бугарското Министерство за надворешни работи и бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков.

Според Стојанов, институциите оцениле дека евентуална блокада на граничните премини Ѓуешево-Деве Баир, Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново Село би била контрапродуктивна и би создала дополнителни тензии.

За откажувањето на протестот информираа и од Асоцијацијата „Макам-транс“, од каде што соопштија дека очекуваат товарниот и патничкиот сообраќај да се одвива непречено.