Капитенот останува во Битола: Кузмановски ќе го носи дресот на Пелистер и во новата сезона

Дерби

19/06/2026

11:39

220

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер.

Оваа вест ја соопшти клубот од Битола што значи дека е пронајден заеднички јазик или поточно бекот ја прифатил понудата на клубот за кого настапува од 2023 година.

Дефинитивно ова е одлична вест за „зелено-белите“ кои го задржуваат лидерот и капитенот на екипата кој одигра клучна улога во успесите во претходните неколку години.

Десниот бек во досегашната кариера има играно уште за Металург, Магдебург, Хановер, Вецлар и Кувајт Спорт Клуб.

Останува да се види дали и Дејан Манасков ќе остане верен на Пелистер, односно ќе каже „ДА“ за понудата за продолжување на соработката со макеоднскиот вицешампион.