Нојер со порака: За мене е јасно…

Дерби

19/06/2026

11:13

160

Големина на фонт

а а а

Ветеранот Мануел Нојер изненадувачки се врати во германската репрезентација за настапот на Светското првенство.

Тој некое време не беше дел од националниот тим и неговото враќање донесе реакции од јавноста како и од соиграчите кои го чуваат голот на Германија откако се повлече.

Останува да видиме дали ова ќе влијаен врз репрезентацијата кога ќе дојдат посерионите предизвици на турнирот, а во меѓувреме Нојер се огласи и порача дека ова сигурно ќе биде негов последен танц на голот на „панцирите“.

- Се повлеков во 2024 година со добра причина по доброто домашно Европско првенство. За мене тоа беше вистинската одлука. Се чувствував правилно. Ќе беше преголем спортски товар за мене (да продолжам да играм за репрезентацијата) во последните две години.“

- За мене е јасно дека ова е мојот последен турнир. Не планирам да бидам таму за две години за следното Европско првенство. Во последните денови се справував со фактот дека ова се последните натпревари за Германија. Но, сакам да се радувам на сите натпревари, а не на некои дресови за збогум, - порача 40-годишниот Мануел.