Многу прашалници: Деветмина играчи со неизвесна иднина во Милан

Дерби

19/06/2026

10:51

201

Големина на фонт

а а а

Милан на очаен начин ја заврши минатата сезона во која долго време беше и кандидат за Скудетото за да на крајот остане и без пласман во Лигата на шампионите по своја вина по големиот кикс што го направи против Калјари во последната рунда.

Веќе „паднаа“ доста „глави“, тренерски, директорски, клубот веќе назначи и нов предводник на екипата во името на Рубен Аморим, но има уште многу прашања кои мора да се решат.

Додека се уште се говори за оперативците, италијанските медиуми посочуваат дека има дури деветмина играчи кои се со неизвесна иднина на „Сан Сиро“. Некои од нив се под договор, на на некои им истекува, други беа на позајмица и одново ќе се вратат, додека трети можат да си заминат поради сите случувања како и можност да значаен трансфер.

„Газета Дело Спорт“ сосема очекувано на прво место го стави Рафаел Леао кој и самиот потенцираше дека е подготвен за нов предизвик. Ветеранот Лука Модриќ минатото лето потпиша едногодишен договор со опција за дополнителна сезона, ама во моментов по се изгледа дека е на излезни врати и може и да ја заврши кариерата.

Интересно е тоа што се споменуваат Рабио, Пулушич и голманот Мењан, плус тука се и оние асови кои се враќаат во Милан како Чукуезе, Бенасер, Муса и Бондо што е најава за долго и бурно лето во „црвено-црниот“ дел од Милано.