Капело го прослави 80. роденден и го издвои најдобриот играч што го тренирал

Дерби

19/06/2026

10:50

208

Големина на фонт

а а а

Фабио Капело беше успешен како тренер и како играч, име кое освојуваше големи трофеи во двете улога и неговиот збор има тежина во италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал.

Тој вчера го прослави 80. роденден и притоа одработи интервју за реномираната „Газета Дело Спорт“ каде говореше на повеќе теми поврзани со кариерата. Говореше за кои тренери биле негова инспирација, омилените денови како играч, но и откри кој фудбалер е негов најдобар „студент“.

- Ако треба да именувам еден, би го кажал Де Роси. Му го овозможив дебито во Рома, вложив многу во него, па од љубов, би го кажал Даниеле, - истакна дон Фабио и обелодени кој е најдобриот играч кого го тренирал и соработувал.

- Роналдо, Феноменот. Тој беше апсолутен шампион. Штета што не сакаше да прави повеќе жртви. Во Мадрид ме принудија да го продадам. Друг талент од овој свет беше Касано, но тој ме лутеше премногу, талент кој беше изгубен, - порача славниот Италијанец.