Чешка повторно испушти водство, упорната Јужна Африка си обезбеди прв бод на СП 2026

Дерби

18/06/2026

20:34

240

Големина на фонт

а а а

Чешка и Јужна Африка стигнаа до својот прв бод на СП 2026, а епилогот од натпреварот од второто коло на овој мундијал повеќе оди во прилог на африканската селекција.

Чесите имаа водство од 6. минута, па иако овојпат не дозволија целосен пресврт, не издржаа до крајот и дозволија противникот да израмни со гол од пенал.

Садилек е фудбалерот кој постигна гол по воведните шест минути, Чесите не успеаја да постигнат гол за сигурна победа, а откако го намалија темпото, противникот успеа да избори пенал во завршната етапа од средбата.

По играњето со рака на Шулц, Мокоена реализираше од белата точка во 83. минута, па Јужна Африка си обезбеди важен бод во пресрет на последното коло.