Кук нема добри вести за љубителите на „Apple“: „Тоа е неизбежно“

Точка

18/06/2026

18:29

622

Големина на фонт

а а а

Тим Кук ги минува своите последни месеци на чело на „Apple“, а неговата најнова најава поврзана со компанијата би можела да разочара многу корисници.

Извршниот директор во заминување изјави дека „Apple“ повеќе не може да ги поднесува сè поголемите трошоци за производство и набавка на мемориски чипови. Тоа значи дека компанијата ќе биде принудена да ги зголеми цените на дел од своите производи.

Во интервју за „The Wall Street Journal“, Кук истакна дека постојаниот раст на цените на мемориските чипови го прави поскапувањето на уредите на „Apple“ „неизбежно“.

Според неодамнешна анализа на „Morgan Stanley“, цените на мемориските чипови се зголемиле повеќе од шест пати во текот на изминатата година, бидејќи производителите тешко успеваат да одговорат на растечката побарувачка. Кук признава дека за „Apple“ станува сè потешко да ги апсорбира овие дополнителни трошоци.


„Даваме сè од себе за да ги ублажиме огромните поскапувања што ни се наметнуваат и се обидувавме да ги заштитиме нашите корисници од тие зголемувања на цените, но ситуацијата стана неодржлива“, изјави Кук.

Засега нема официјални информации кои производи на „Apple“ би можеле да поскапат, ниту колкаво би било евентуалното зголемување на цените.

Истражувачката компанија „TechInsights“ направи проценка на трошоците за мемориските чипови и останатите компоненти во „iPhone“, најпопуларниот производ на „Apple“.


Според нивните анализи, мемориските чипови и мемориските компоненти во „iPhone 18 Pro“ би можеле да ја чинат компанијата околу 196 долари, додека кај „iPhone 17 Pro“ тие чинеле само 52 долари.

Оваа разлика најдобро го отсликува наглиот раст на цените на DRAM чиповите што се користат за краткорочна меморија, како и на NAND Flash чиповите кои служат за трајно складирање на податоци.

Да потсетиме, Тим Кук ќе ја напушти функцијата извршен директор на „Apple“ на почетокот на септември, а на неговото место ќе дојде Џон Тернус.


Токму септември е еден од најважните месеци за „Apple“, бидејќи тогаш се очекува компанијата да ја претстави новата серија „iPhone 18“.

Сè укажува дека новата генерација би можела да пристигне не само со нови функции и подобрувања, туку и со повисоки цени.