Трагедија на Халкидики: Почина 75-годишна жена од Македонија

Макфакс

18/06/2026

17:30

406

Големина на фонт

а а а

Во Халкидики, Грција, 75-годишна жена од Северна Македонија почина откако беше извлечена без знаци на живот од морето во областа Неа Каликратија. Лекарите констатираа смрт во здравствениот центар, а ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за нејзината смрт.

Тело на жена од Македонија било извлечено без знаци на живот од морето во областа Неа Каликратија, на Халкидики.

Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за 75-годишна државјанка на Северна Македонија. По интервенцијата, таа била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите констатирале смрт.

По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена и обдукција за утврдување на причините за смртта.