Крај на еден од најтешките судски процеси: Масакрот во „Рибникар“ доби епилог - на родителите на Коста Кецмановиќ изречена им е пресуда!

Точка

18/06/2026

11:30

2.444

Големина на фонт

а а а

Денес, во 10:00 часот, Вишиот суд во Белград на повторното судење им ја изрече пресудата на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“. Двајцата родители беа осудени на затворски казни.

Владимир беше осуден на 14 години и шест месеци затвор, а Миљна Кецмановиќ на две години и 11 месеци затвор, објави српски „Блиц“.

Тие беа судени во повторена постапка откако Апелациониот суд во Белград наложи повторно судење и ја поништи првостепената пресуда со која Миљана беше осудена на три години, а Владимир на 14 и пол години затвор.


Миљана Кецмановиќ пристигнала во судот во придружба на адвокат околу 9:40 часот наутро за објавување на пресудата.

Одбраната на Кецмановиќ побара ослободителни пресуди

Обвинителството, во своите завршни зборови, предложи на повторениот судски процес Кецмановиќ да бидат осудени на максимални затворски казни, односно Владимир Кецмановиќ на 14 години и 11 месеци, а Миљана Кецмановиќ на три години затвор.

Од друга страна, одбраната на Кецмановиќ побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека наводите во обвинението не се докажани, односно дека нема докази дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои се товарат.


Во својот завршен збор, Владимир изјави дека ќе го носи товарот на трагедијата до крајот на својот живот, повторувајќи дека тие се грижливи родители и дека не знае како се случило злосторството.

За потсетување, момчето Коста Кецмановиќ кое го изврши кривичното дело имало помалку од 14 години во времето на извршување на кривичното дело, поради што не е кривично одговорно според законот.

Тој е во психијатриска установа од трагедијата. Сепак, против него е покрената граѓанска постапка, бидејќи ова е единствената законска рамка во која тој формално може да сноси одговорност за последиците од своите постапки.