Бугарскиот премиер Румен Радев ја критикува политичката власт во Северна Македонија за одложување на членството во ЕУ, истакнувајќи проблеми со владеење на правото и безбедноста на дипломатските мисии.
Политичкото раководство на Република Северна Македонија прави сè што е можно за да го одложи членството на неговата земја во Европската Унија, изјави бугарскиот премиер, Румен Радев, пренесува „БНР.бг“.

Во врска со палењето на два дипломатски автомобили пред бугарската амбасада во Скопјe, тој рече дека не може да има средба меѓу него и македонскиот премиер бидејќи проблемот не е билатерален: „Мицкоски има проблем со ЕУ“.
„Политичкото раководство не само што не ги казнува ваквите палежи, туку нивните сторители дури се охрабруваат и користат во изборните кампањи“, рече бугарскиот премиер. Тој истакна дека сè додека нема јасно утврдени принципи на владеење на правото и нема последици за сторителите на вакви недостојни дела, нема што повеќе да му се каже на премиерот на Македонија.

Според Румен Радев, Северна Македонија мора да ја убеди ЕУ дека ги почитува човековите права и дека може да ја гарантира безбедноста на сите дипломатски мисии на нејзина територија.







