Рано утрово во Бутел избувна пожар во куќа без да има повредени лица. Огнот беше изгаснат брзо од пожарникарите и е извршен увид на местото на настанот.
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Бил извршен увид.







