[ВИДЕО] Вака се сака: Порака напишана на небото - Ѓоковиќ на својата сопруга ѝ приредил незаборавно изненадување за 40-тиот роденден

Точка

18/06/2026

17:17

700

Големина на фонт

а а а

Сопругата на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, Јелена, вчера го прослави 40-тиот роденден.

Новак се потрудил да ѝ приреди незаборавно роденденско изненадување.

Додека стоеле ноќе прегрнати на плажа, Јелена и Новак гледале кон небото каде што се случувала вистинска магија – со помош на дронови била испишана посебна порака наменети само за неа.

„Ти благодарам што си наш дом“, „Ти благодарам за сè што доаѓа“, блескало на небото, а овој магичен момент ги разнежил и воодушевил сите присутни на плажата кои во тој момент го гледале спектаклот.


Јелена Ѓоковиќ никогаш не дува роденденски свеќи

Инаку, еден интересен детаљ ги следи родендените на Јелена. Таа има посебен обичај никогаш да не дува роденденски свеќи на тортата, бидејќи смета дека тие се симбол на светлина.

Се чини дека Новак токму поради тоа, наместо традиционално гаснење на свеќите, одлучил овој нејзин роденден да го осветли на сосема единствен начин — со светлосен спектакл на небото.

„Свеќата е симбол на светлина, не сакам да ја гасиме“, рекла таа во една прилика, па додала:

„Сите во црквите палевме свеќи за здравје и мир. Свеќата е симбол на светлина и просветлување. Тогаш се запрашав - како тоа животот го славиме со гаснење на свеќа додека замислуваме желба? Одлучив барем во својот дом да го променам тој обичај“, изјавила Јелена, а на фотографијата од минатата година кога го славеше 39. роденден со Новак и децата можеше да се забележи дека навистина нема свеќички на тортата.


Јелена и Новак Ѓоковиќ се запознале во 2005 година преку заеднички пријатели, а Ноле сè уште не бил глобално популарен.

Новак имал само 17 години и големи соништа, а спортувала и Јелена, која е 11 месеци постара од него. Новак безброј пати истакнал дека Јелена е негова сродна душа, а дека нивната љубов е вистинска, му докажал фактот што се запознале додека тој сè уште не бил популарен.
„Јелена беше искрена од првиот момент и му благодарам на Бог што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запознала на 17 години. Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Она што најмногу го сакам кај неа е искреноста, тоа нè прави среќни“, изјавил своевремено Новак.



Новак и Јелена се венчаа на Свети Стефан на 10 јули 2014 година. Во бракот добија две деца – синот Стефан и ќерката Тара.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk