Русија ја обвини Украина за напад со дрон врз автобус со деца, Киев демантира

Макфакс

17/06/2026

17:40

227

Големина на фонт

а а а

Русија ја обвини Украина за напад со дрон врз автобус што превезувал детска фудбалска екипа, при што загинала една жена, а осум лица биле повредени. Киев ги демантира обвинувањата и негира дека имало напади во тој регион.

Русија ја обвини Украина дека со дрон нападнала автобус кој превезувал детска фудбалска екипа од Белорусија низ Брјанската област, во близина на украинската граница. Според руските власти, во нападот загинала една жена која ги придружувала децата, а осум лица биле повредени, меѓу кои шест деца.

Украинската армија ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека во наведениот период не извршила напади со беспилотни летала врз цели во Брјанската област.

Руските истражни органи отворија истрага за тероризам. Според Москва, во автобусот имало 44 патници, од кои 28 деца, кои патувале од Гомељ во Белорусија кон Геленџик во Русија.