Американскиот претседател Доналд Трамп ја потенцираше својата позитивна прва средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, како и своите предупредувања во однос на договорот со Иран и можната воена акција доколку тој не биде почитуван.
Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на Г7 во Франција упати пофалби кон египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, присетувајќи се на нивната прва средба за време на претседателската кампања во 2016 година.
„Се заљубив во него штом го видов. Од самиот почеток имавме добар однос“, изјави Трамп, додавајќи дека Ел Сиси тогаш не сакал да се сретне со неговата противкандидатка Хилари Клинтон.
Trump on the President of Egypt:
„He was in a hotel and I met him. And we fell in love, deeply in love.“ pic.twitter.com/xzYcAynpYS
— FactPost (@factpostnews) June 17, 2026
На истиот самит Трамп говореше и за меморандумот за разбирање со Иран, предупредувајќи дека САД би можеле повторно да преземат воена акција доколку Техеран не се придржува до договореното.
„Ако не се однесуваат како што треба, повторно ќе се вратиме на бомбардирање“, рече Трамп.
Во меѓувреме, Белата куќа ги демантираше медиумските извештаи дека договорот предвидува инвестициски фонд од 300 милијарди долари за обнова на Иран. Трамп изјави дека САД „нема да вложат ни 10 центи“ и ги нарече таквите информации лажни.
Текстот на меморандумот сѐ уште не е објавен, па останува нејасно кои точно обврски содржи договорот меѓу Вашингтон и Техеран.







