Сончеви периоди и температури до 34 степени, попладне нестабилно време

Макфакс

17/06/2026

17:50

192

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за времето најавува сончеви периоди и високи температури до 34 степени, но попладне се очекува нестабилно време со можност за краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови на Македонија.

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според прогнозата, од утре до почетокот на следната седмица претпладневните часови ќе бидат претежно сончеви со променлива облачност.

Поради зголемената нестабилност во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.