[ВИДЕО] „Дали си само алчна или си толку глупава?!“: Славната актерка го разгневи светот со рекламата

Точка

17/06/2026

16:45

742

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Гвинет Палтроу се најде во центарот на голема контроверзија откако учествувала во промотивна кампања за луксузен станбен комплекс во Израел, што предизвика лавина негативни реакции на социјалните мрежи.

Таа се појавува во реклама за „51 Park“, луксузен станбен комплекс со две кули од по 51 кат, кој се гради во градот Херцлија, северно од Тел Авив.

Во рекламниот спот, актерката зборува за привлечноста на животот во близина на паркови и престижни станбени згради. На прашањето каде се наоѓа луксузниот комплекс, таа одговара:

„Херцлија. Израел.“

Токму тој детаљ предизвикал бран критики, бидејќи многу корисници на социјалните мрежи оцениле дека рекламирањето луксузни недвижности во време кога трае војната во Газа е крајно несоодветно и „целосно одвоено од реалноста“.

Бројни корисници упатиле пораки за поддршка на Палестинците на нејзините профили, додека некои ја обвиниле актерката дека профитот го става пред хуманитарната катастрофа.

Меѓу најгласните критичари е и активистката Алана Хадид, сестра на манекенките Џиџи и Бела Хадид, која кампањата ја нарекла „нечувствителна“ и „соучесничка“.

Инфлуенсерот Мет Бернстин оценил дека „нивото на алчност и морална пропаст е незамисливо“, додека италијанската активистка Ливија Џуџоли, поранешната сопруга на актерот Колин Фирт, соопшти дека ја откажала претходно планираната посета на Гвинет Палтроу на нејзината фарма во Италија.

„Да се рекламираат луксузни станови во ваков момент е одвратно. Или сте целосно одвоени од реалноста, или сте многу лоша личност, или едноставно сте наивни. Што од тоа е вистина, Гвинет?“ рекла  Џуџоли во објава на социјалните мрежи.


Со неа се согласила и друга корисничка на социјалните мрежи, која се надоврзала на негативните коментари:

„Дали си толку алчна или навистина си толку глупава?“ гласи нејзиниот коментар.

Палтроу засега јавно не се огласила во врска со критиките.

Ова не е првпат некоја позната личност да се соочи со негативни реакции поради деловни проекти поврзани со Израел. Минатата година слични критики доби и Леонардо Дикаприо поради вложувањето во луксузен еколошки хотел во Израел.