Алжирците бесни: Меси требаше да добие црвен картон уште во 30. минута

Дерби

17/06/2026

12:42

399

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата класа на најголемата фудбалска сцена и постигна хет-трик на премиерата која ја имаше Аргентина на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но после сите импресивни коментари кои пристигнаа за неговите рекорди, се повеќе се поставува и прашањето „зошто капитенот го доигра мечот со Алжир“.

Меси направи клучна разлика со три гола во мрежата на Алжир за победа од 3:0, но според сите фанови на противничкиот тим, капитенот требал да биде исклучен набрзо по првиот постигнат погодок.

Лео беше невнимателен во еден дуел со противнички фудбалер и со опасен старт со отворен ѓон го нагазна ривалот, па иако на самиот му беше јасно дека направи глупост, судиите воопшто не ја прегледуваа ситуацијата.

Шимон Марчињак не реагираше и не доби корекција од ВАР, па оваа одлука ги разлути Алжирците кои на социјалните мрежи потенцираат дека Меси е заштитен од арбитрите.

Во јавноста не изостанаа и мислењата на низа фудбалски експерти во светските студија, па така и на „ЕСПН“ и на „Фокс“ заклучија дека Меси требал да го заврши натпреварот уште во 30-та минута.