Сите зборуваат за Мбапе и Олисе, Дешамп го испофали „џокерот“ од клупата: Тоа го барам од моите играчи на овој мундијал

Дерби

17/06/2026

12:30

289

Големина на фонт

а а а

Франција долго се мачеше против Сенегал и имаше доста среќа што на полувреме замина со резултат 0:0, а токму тоа им овозможи на „триколорите“ да размислуваат за победа и да влезат доста поенергично во второто полувреме.

Дидие Дешамп коригираше неколку работи и Франција излезе доста поагресивно во продолжение, па после првиот гол на Килијан Мбапе, се чини дека победата ја потврди Бредли Баркола.

Крилото на ПСЖ мајсторски погоди со шмекерски лоб и донесе предност од 2:0, но и покрај тоа што до крајот видовме уште два гола, се чини дека неговиот беше пресуден.

Тоа го заклучи и Дидие Дешамп, селекторот на „галските петли“ кој по средбата не штедеше комплименти за „џокерот“ од клупата.

– Бевме доста загрижени за време на натпреварот, но на крајот добивме олеснување. Оваа победа не е пресудна, но секако доаѓа добро за старт. Среќни сме што се надигрувавме со силна селекција како Сенегал, – изјави Дешамп, кој коментирајќи ги индивидуалните изданија, не пропушти да го спомене Баркола.

– Тоа што Баркола денеска го понуди на теренот, тоа ни треба од сите на ова Светско првенство. Кога сте на клупа и кога влегувате во игра, мора да направите нешто за да ги промените работите. Мора да размрдате и да донесете нешто добро. Баркола го направи токму тоа, – изјави Дешамп.