АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил

Макфакс

16/06/2026

11:00

255

Големина на фонт

а а а

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил поради непочитување на забраната за увоз поврзана со опасноста од птичји грип. Пратките биле одбиени заради неправилна сертификација и рокови, а институцијата апелира за почитување на законите и стандардите за безбедност на храната.

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.

Поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со замрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Официјалните ветеринари на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ упатува апел до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет и за Агенцијата и за државата.