Пронајдено тело на 20-годишно момче во Охридското Езеро

Макфакс

15/06/2026

22:07

1.048

Големина на фонт

а а а

Тело на 20-годишно момче беше пронајдено во Охридското Езеро близу Машка плажа во Струга, а надлежните власти го испитуваат случајот без знаци на насилство.

Тело на 20-годишно момче било пронајдено во водите на Охридското Езеро кај Машка плажа во Струга.

Случајот бил пријавен во ОВР Струга, откако во езерото било забележано тело на младо машко лице.

По преземените мерки, полицијата утврдила дека станува збор за С.С. (20) од струшкото село Октиси.

Лекар од струшката болница констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство.

Надлежните служби работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот.