Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места

Макфакс

13/06/2026

13:50

364

Големина на фонт

а а а

Во Градските гробишта во Бутел е пријавен вандализам каде што едно лице оштетило 11 гробни места. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места.

Според информациите од МВР, лицето со иницијали К.К. со метален предмет предизвикало оштетувања на гробните места.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.