Две лица запалиле стари класери во објект на поранешен комбинат во Штип

Макфакс

13/06/2026

15:10

201

Големина на фонт

а а а

Во Штип две лица предизвикале пожар со палење на стари класери во поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Пожарот бил брзо изгаснат без повредени, а полицијата ја истражува причината и околностите на инцидентот.

Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“.

Според информациите од МВР, лицата запалиле стари класери, по што го напуштиле местото на настанот.

Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го изгасне огнот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.