Судир меѓу автомобил и мотоцикл на булеварот Борис Трајковски, мотоциклистот тешко повреден

Макфакс

13/06/2026

13:30

200

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа на крстосницата на булеварот Борис Трајковски, каде што мотоциклист беше тешко повреден по судир со автомобил. Увид на местото изврши полицијата, а повредениот е пренесен во Ургентниот центар.

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу булеварот Борис Трајковски, улицата Трајко Иванов и сервисна улица во Скопје.

Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот А.А. од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Б.Л. од Скопје.

Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.