Трамп: Иран лаже за договорот

Макфакс

12/06/2026

17:00

302

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп ја обвинува иранската влада за лажни информации во врска со договорот што неодамна е постигнат, како и за нападот со дрон врз индиски бродови, повикувајќи го Иран на итно вразумување.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го обвини Иран дека лаже за условите од неодамна постигнатиот договор, тврдејќи дека верзијата што иранските власти ја пласирале во медиумите не одговара на договореното.

„Тоа што го објавија нема никаква врска со вистината“, напиша Трамп на Truth Social, оценувајќи ги иранските претставници како „нечесни луѓе“.

Тој го осуди и наводниот напад со дрон врз индиски бродови во Ормускиот Теснец, наведувајќи дека нападот бил одбиен и дека е „целосно неприфатлив“. На крајот порача дека Иран треба „брзо да се вразуми“.