Мета: Повторно работат Фејсбук и Инстаграм

Макфакс

12/06/2026

18:43

203

Големина на фонт

а а а

Компанијата Мета информираше дека техничкиот проблем што предизвика прекин на работата на Фејсбук и Инстаграм е отстранет и двете платформи сега повторно функционираат нормално.

Од компанијата Мета соопштија дека е отстранет техничкиот проблем поради кој денес накратко беа недостапни социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Дел од корисниците пријавија дека апликациите не им се вчитуваат, додека други имаа проблеми со освежување на почетната страница и објавување содржини.

Од Мета потврдија дека дефектот е решен и дека двете платформи повторно функционираат нормално.