Утре сончево време со мала локална облачност, температура до 28 степени

Макфакс

12/06/2026

18:14

204

Големина на фонт

а а а

Прогнозата за времето најавува сончево и стабилно до четврток со мала локална облачност и температури до 28 степени, додека во Скопје ќе дува засилен ветер со посвежо време и променлива облачност.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.