Кукурелја со интересно ветување: Ако станеме светски шампиони…

Дерби

12/06/2026

12:04

428

Големина на фонт

а а а

Шпанија има статус на еден од главните фаворити за пехарот на Светското првенство, но хартија е едно, теренот и друго и останува да се види дали оваа генерација може да го повтори успехот на онаа од 2010 година во Јужна Африка.

Шпанците имаат компактна екипа, систем кој функционира, систем во кој значајна улога има Марк Кукурелја како прва опција на левата бековска позиција.

Марк воедно важи за еден од најхаризматичните играчи во репрезентацијата, па токму тој даде интересно ветување за тоа што ќе направи ако станат светски шампиони.

- Ако го освоиме Светското првенство, ќе направам тетоважа со лицето на Луис де ла Фуенте. Мала, но мислам дека е добар сувенир, -истакна дефанзивецот.