Кин отпиша една голема репрезентација од трката за титулата на СП

Дерби

12/06/2026

12:02

375

Големина на фонт

а а а

Пред нас е долго лето кое на фудбалски план ќе биде одбележано од Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Веќе се одиграа два натпревари на турнирот, победи запишаа Мексико и Јужна Кореа, видовме пет гола на првите две средби што е солиден старт на настанот кој ќе трае повеќе од еден месец.

Допрва ќе следат вистинските очекувања, а прогнозите на големите фудбалски имиња продолжуваат да бидат во фокусот, па Рој Кин имаше свој збор за тоа кој е неговиот фаворот, но и воедно отпиша една голема репрезентација од трката за пехарот.

- Ќе ја отпишам Португалија. Помислувам на одбраната…да ќе ги отпишам.

- Во последните неколку дена бев отворен за Бразил и Шпанија. Но, мислам дека Франција ми влезе во главата [како потенцијални победници], - истакна Кин кој ја издвои Норвешна како селекција која со внимание ќе ја испрати.

- Знаете ли кого ме интересира да видам? Никој навистина не ги спомнал и не зборувам за освојување, туку можеби за влијание… Норвешка. [Ерлинг] Халанд, [Мартин] Одегард, сите овие момци. Знаете на што мислам?, - порача легендата на Манчестер Јунајтед.