Фабио Капело долго време беше во фудбалот, прво како играч потоа и како тренер, а и денеска е постојано врзан со овој спорт како стручен аналитичар.
Во фокусот е Светското првенство кое својот старт го имаше вчера со мечот меѓу Мексико и Јужна Африка кој им припадна на домаќините со 2-0. Допрва ќе ги видиме во акција селекциите кои се од највисокиот врв и важат за фаворити на турнирот, а Капело анализираше и посочи кои национални тимови според него можат да стигнат до самиот крај.
- Пред сите нив е Франција, која доминира на клупско ниво со победата на ПСЖ во Лигата на шампионите, а имаат и големи шампиони во својата репрезентација. Тие имаат менталитет, желба и решителност. Со Олисе и сите други во нападот, има доволно квалитет за да се пополнат два тима.
- Меѓу фаворитите, би ја имал и Шпанија, која има одличен систем и исто така покажа правилен менталитет за време на последните Европски Првенства. Исто така, многу ме интересира Англија бидејќи Тухел го избра тимот што го сакаше, изоставувајќи некои интересни играчи како Мегваер. Плус, го има Кејн, кој е навистина одлучувачки во моментов.
- Не би ја ставил Германија меѓу фаворитите, но повеќе од сè сум љубопитен да видам до каде е нивото на германскиот фудбал во моментов, што е мој личен куриозитет, - вели Фабио кој не ги отпишува и јужноамериканците.
- Потоа тука се и Јужноамериканците. Бразил на Анчелоти е многу интересен, тој е одличен тренер кој знае сè за фудбалот и како да влезе во главите на играчите. Тој нема еден единствен систем или метод, а е многу силен психолошки. Може да направи разлика.
- Аргентина, ако игра добро, има многу играчи кои можат да одлучат натпревари, од Лаутаро па натаму, вклучувајќи го и Нико Паз, кој многу ми се допаѓа и би можел да изненади неколкумина, - порача Италијанецот.







