Хванг постигна мајсторски гол, Јужна Кореа ја матираше Чешка

Дерби

12/06/2026

11:51

204

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Јужна Кореја славеше над Чешка со 2-1 во вториот натпревар од групата А на 23. Светско фудбалско првенство.

Ова беше интересен меч во кој главните моменти се случија во второто полувреме, а се тргна со погодокот на Крејчи со глава во 59 минута.

По ова се отвори средбата, селекцијата од Азија соодветно одговори и во 67 минута дојде до 1-1 благодарение на мајсторијата на Хванг кој ја измими одбраната на противникот и голманот по што рутински ја смести топката во мрежата.

Чешка во 77 минута дојде до нова предност, меѓутоа радоста кратко траеше затоа што со помош на ВАР беше утврдено дека имало офсајд. Веќе во 80 Јужна Кореја направи целосен пресврт, Ох се најде на вистинското место и донесе три бода.

Претходно во истата група домаќинот Мексико беше подобар од Јужна Африка со 2-1.