Делови од Скопје утре без струја

Макфакс

11/06/2026

16:30

178

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија најавува прекин на електричната енергија во делови од Скопје утре, 12 јуни 2026 година, во различни временски интервали во неколку општини како Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште.

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре 12.06.2026 година (Петок) без електрична енергија ќе останат корисниците во период:

· Од 08:00-12:00 часот на ул Партизански Пат (општина Кисела Вода);

· Од 08:00-14:00 часот с. Рашче, Хлорна станица Рашче, с Бојане, с Копаница, дел од с.Кондово, о Сарај;

· Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од ул.Иван Цанкар (општина Карпош);

· Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром (општина Гази Баба);

· Од 09:00-15:00ч на ул.Владимир Комаров (општина Аеродром)

· Од 11:00ч до 15:00ч дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков (општина Карпош)

· Од 13:00-15:00ч на ул.1 (од општина Сопиште кон Горно Соње).