Кин за шансите за Англија на СП: Немаат соодветни играчи за елиминациската фаза

Дерби

11/06/2026

07:33

322

Големина на фонт

а а а

Англиските фанови се надеваат дека актуелната генерација конечно може да стигне до голем трофеј и очекува да биде во битка за титулата на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Од друга страна, Рој Кин како редовен стручен коментатор за англиските медиуми не е воодушевен од квалитетот на ростерот на Томас Тухел и не гледа како Англичаните би станале светски шампиони.

– Англија има квалитетни фудбалери, сигурен сум дека лесно ќе ја поминат првата фаза, а потоа во зависност од другите случувања, можат да се надеваат и на завршница на првенството.

– Но, ја гледам ли Англија како нов светски првак? Апсолутно не! Кога го гледам составот, посебно одбраната, не гледам како би добиле решавачки натпревар од четвртфиналето и полуфиналето. Стоперските позиции ме плашат најмногу.

– Видете, многу се зборува за фудбалерите кои можат да играат на повеќе позиции и тие навистина можат да помогнат многу во групната фаза. Но, кога се работи за елиминациската фаза против силните ривали, потребни ви се играчи кои се специјалисти на своите позиции, – вели Кин.