Агентот на Бастони испрати порака за неговата иднина во Интер: Се може…

Дерби

11/06/2026

11:00

127

Големина на фонт

а а а

Алесандро Бастони веќе неколку години е еден од најважните играчи за Интер и италијанската репрезентација и воопшто не е изненадување што дел од топ екипите ширум Европа посакуваат да го ангажираат, добијат неговиот потпис.

Барселона беше клубот кој во еден период доста се поврзуваше со стоперот особено кога истиот минуваше низ еден лош период кога беше на критики на јавноста со потегот во дербито со Јувентус, а потоа и со црвениот картон во баражот со БиХ во СП.

Се некако изгледаше дека постојат услови за негов премин во Шпанија, меѓутоа по се изгледа тој не беше докрај одлучен за тој чекор, а и Барса не сакаше да ги исполни високите барања на Интер за трансфер обештетувањето и на крај тоа сценарио пропадна и дефанзивецот сега како што стојат работите нема да мрдне од „Џузепе Меаца“.

- Не отидовме во Интер да разговараме за Бастони, кој е играч на Интер во сите аспекти и има договор за уште две години. Тој е среќен што го носи дресот на Интер. Никогаш немало проблем. Бастони е играч на Интер и дефинитивно ќе остане во Интер. Сè може да се случи во фудбалот, - вели агентот на фудбалерот, Тулио Тинти.

- Играчи како Бастони го привлекуваат интересот на многу клубови, но тој е среќен таму каде што е. Никогаш не се знае во животот, но ова е момент кога Бастони сака да остане во Интер, - дополни Тинти.