Барди рамо до рамо со Меси на листата на најдобри мајстори од слободни удари

Дерби

11/06/2026

10:59

104

Големина на фонт

а а а

Енис Барди и Лионел Меси веќе некое време не настапуваат во топ 5 лигите во Европа, но токму овие двајца и понатаму се лидери во една важна статистичка категорија, погодоци од слободен удар.

Македонскиот репрезентативец и капитенот на аргентинската репрезентација се познати како фантастични изведувачи на прекини, а уште една потврда за тоа е статистиката која говори дека Енис и Лео се единствените двајца фудбалери кои од 2015 година успеале да постигнат по најмалку пет голови од слободни удари во најсилните шампионати на стариот континент.

Барди тоа го направи како член на Леванте во сезоната 2017/2018, додека Меси во дресот на Барселоона беше исто така успешен во истата таа кампања, но и во натпреварувачкате 2018/2019 и 2019/2020.