Во периодот до 30 јуни, Xiaomi носи специјална понуда за новата генерација електрични тротинети – серијата Xiaomi Scooter 6, која опфаќа модели приспособени на различни стилови на возење и на секојдневните потреби на корисниците.
Без разлика дали барате брз и ефикасен начин да стигнете на работа или практично решение за пократки градски релации, новата серија носи унапредени перформанси, поголема доверливост и уште подобро искуство при возењето.
Новата генерација тротинети на Xiaomi е развиена со фокус на унапредување на клучните карактеристики како што се стабилноста, дометот и безбедноста. Во однос на претходните модели, дополнително се унапредени конструкцијата и управливоста, додека оптимизираните перформанси овозможуваат полесно совладување на секојдневните градски предизвици, од метежот во сообраќајот до различните подлоги.
Основниот модел, Xiaomi Scooter 6, претставува сигурен избор за секојдневно возење. Со домет до 45 km и способност за совладување нагорнини со наклон до околу 18%, наменет е за сите кои сакаат стабилно и ефикасно движење низ градот, без разлика дали станува збор за одење на работа или завршување на дневните обврски без задржување во сообраќајот.
За оние на кои им се важни практичноста и пристапноста, тука е Xiaomi Scooter 6 Lite, полесен модел кој едноставно се пренесува и користи. Со домет до 25 километри со едно полнење, тој е идеален за пократки градски релации, од одење на факултет до брзо скокнување до омиленото кафуле, кога ви треба едноставно и брзо решение.

Xiaomi Scooter 6 Pro носи дополнително ниво на перформанси, со помоќен мотор и поголем капацитет на батеријата што овозможува домет до околу 70 километри. Наменет е за оние кои секојдневно минуваат подолги дистанци и бараат континуитет во возењето, од утринските обврски до враќањето дома, без потреба од често полнење. За корисниците кои сакаат уште поголема удобност и стабилност за време на возењето, тука е Xiaomi Scooter 6 Max, модел со унапреден систем на двојна амортизација, поголеми пневматици и максимална носивост од 130 kg, што го прави одличен избор за интензивно секојдневно градско возење и подолги релации.
На врвот на понудата се наоѓа Xiaomi Scooter 6 Ultra, модел дизајниран за максимални перформанси и за најпребирливите корисници. Благодарение на моќниот мотор со максимална моќност до 1200 W, унапредениот систем на двојна амортизација и можноста за совладување наклон до 25%, овој модел нуди стабилно и удобно возење дури и на попредизвикувачки терени. Со домет до 75 километри со едно полнење, Xiaomi Scooter 6 Ultra е наменет за корисниците кои секојдневно минуваат подолги дистанци и очекуваат доверливост во текот на целиот ден. Дополнително чувство на безбедност обезбедуваат унапредениот систем за сопирање, силното предно светло и интегрираните рефлектори, кои ја зголемуваат видливоста и стабилноста при возење во различни услови на патот.
Без оглед на моделот, серијата Xiaomi Scooter 6 е приспособена на современиот начин на живот – од урбаните професионалци кои секојдневно бараат брз и флексибилен начин на движење без метеж и чекање, до сите оние кои сакаат поедноставно и поопуштено движење низ градот. Едноставната употреба, доверливите перформанси и модерниот дизајн ги прават овие тротинети природен избор за секојдневните потреби.
За време на промотивниот период, сите модели од серијата Xiaomi Scooter 6 се достапни по специјални, промотивни цени, што претставува одлична можност за сите кои размислуваат за преминување кон попаметен и пофлексибилен начин на движење.
Серијата Xiaomi Scooter 6 е вистински пример како Xiaomi продолжува да ја доближува иновативната технологија до секојдневниот живот, нудејќи паметни и доверливи решенија кои движењето низ градот го прават поедноставно, пофлексибилно и попријатно. Комбинирајќи ги модерните перформанси, безбедноста и пристапноста, Xiaomi останува посветена на својата мисија да ја направи напредната технологија достапна за сите и да придонесе кон поповрзан и поедноставен начин на живот.
Повеќе за понудата можете да најдете на линкот.
Комерцијален текст













