Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

07/06/2026

09:58

229

Големина на фонт

а а а

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за криминални и корупциски активности поврзани со наместени тендери во Царина, при што поранешниот директор, Стефан Богоевски – Богац, се товари за земање мито поврзано со тендер вреден 18 милиони денари и ветување на 10% провизија.

Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува, таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата провизија од местењето тендери ги задржуваат само за себе.

Ова го потврдува последниот случај на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоевски – Богац, детето од СДММ, кој впрочем е несуден наследник на Заев на челната позиција на партијата, кој наместил тендер за чистење и за тоа зел една транша од 110.000 денари.

Овие пари биле една од многуте коишто Богоев требал да ги земе како мито за наместениот тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари.

Сивата еминенција на СДС, Џемо од Прилеп договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание врз Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти.

Џемо успеал во намерата и го кандисал Богоев, кој го овозможил овој 18 милионски тендер за чистење што го доби фирма блиска прилепскиот локален шериф.

Прашањето коешто треба да го одговори Богоев е, колку пари требал да добие како награда за завршената работа и дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари?

Дополнително, Богоев треба да одговори дали се точни информациите стигнати до нас, дека ова не бил последен наместен тендер во Царина под негово раководство?

Со ваквите криминални и корупциски случаи, децата на СДС си го покажаа вистинското криминално лице.

Подмладокот и иднина на Заев падна на првиот тест и со вакви корумпирани кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики, која има за цел да ги распродава националните интереси.

Одговорност за криминалот и корупцијата на СДС мора да има“, стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.