[ВИДЕО/ФОТО] Гордост на Македонија: Македон е чудо во математиката - освои злато во САД и стана најдобар меѓу 56.913 натпреварувачи

Точка

06/06/2026

21:04

1.103

Големина на фонт

а а а

Македонија доби уште една причина за гордост благодарение на извонредниот успех на младиот математички талент Македон Димитровски кој блесна на престижниот меѓународен натпревар „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“.

Во исклучително силна конкуренција од 56.913 ученици од САД и бројни земји ширум светот, младиот Македонец успеа да се искачи на самиот врв и да го освои највисокото признание.

Неговиот успех започна со освојување на златен медал во екипна конкуренција, по што следуваше уште поголем подвиг – најдобар индивидуален резултат меѓу сите натпреварувачи на олимпијадата.

Како круна на неговото достигнување, му беше доделена престижната George Lenchner Medal, признание што традиционално му припаѓа на најуспешниот учесник на натпреварот.

Овој резултат е доказ за исклучителниот талент, посветеноста и напорната работа на младиот математичар, но и потврда дека Македонија располага со врвни млади умови кои успешно се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Успехот претставува значајна афирмација на македонското образование и уште една потврда дека знаењето, трудот и упорноста носат резултати и на највисоко меѓународно ниво.

Убавата вест ја сподели неговиот татко, Владимир Димитровски на социјалните мрежи:

„Голема гордост за нашиот Македон!

Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, потоа постигна највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници.

Како врв на овој огромен успех, Македон ја доби и престижната „George Lenchner Medal“ за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ на ниво на американски училишта во САД и низ светот.

Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Mакедон– продолжи да блескаш!“