76-годишник во Гостивар заврши во полициска станица, возел мопед без дозвола

Макфакс

06/06/2026

12:10

163

Големина на фонт

а а а

МВР информира дека 76-годишник од Гостивар бил приведен откако бил фатен возејќи мопед без валидна возачка дозвола на улицата Беличица во Гостивар.

МВР информира дека вчера во 13 часот, на улицата „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар сопреле мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.Т.(76) од Гостивар.

„При контролата било утврдено дека лицето нема возачка дозвола, по што е лишено од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик. Мопедот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – информира СВР Тетово.