Ѕвезда на ПСЖ е „Галактико засилувањето“ кое ќе го чини Перез најмалку 150 милиони евра!

Дерби

05/06/2026

11:36

409

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез влезе во завршницата од предизборната кампања и во текот на ноќта испорача „бомба“ која ги запали шпанските и светските медиуми, од едноставна причина што искусниот фудбалски работник најави историски најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид.

Доколку сосиосите му се доверат и го изгласаат за старо-нов претседател на Реал Мадрид, Флорентино најави дека уште во вторник ќе достави понуда вредна 150 милиони евра за Галактико играч, па иако во дадениот случај не сакаше да именува за кого точно станува збор, угледните медиуми како „Марка“ и „АС“ излегоа со свои претпоставки.

Од мала помош им беше и тоа што самиот Флорентино посочи дека не станува збор за Олисе, Халанд или Доку, па во ситуација кога кругот се стеснува, познатите мадридски медиуми тврдат дека станува збор за играч на ПСЖ.

Реал Мадрид не успеа адекватно да ги замени Тони Крос и Лука Модриќ, поради што јавноста е уверена дека се работи за играч за врска, и тоа од редовите на актуелниот европски шампион.

„Марка“ и „АС“ информираат дека „Галактико играчот“ за кој зборува Перез е еден од Витиња и Жоао Невеш, но повеќе детали ќе се дознаат само во ситуација ако Флорентино победи на изборите.

Перез влегува како голем фаворит за победа во пресметката со Енрике Рикелме, па ако се излезе според планот, Перез во вторник ќе испрати понуда за играч кој треба да биде прво „Галактико засилување“ во новиот мандат.