Флорентино Перез влезе во завршна фаза од својата претседателска кампања и почна да ги открива асовите кои ги криеше во ракавот, па сега и официјално најави дека Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на тимот, а Ибрахима Конате прво летно засилување.
Овие две зделки експресно ќе се активираат во случај Перез да победи на претседателските избори кои ќе се одржат во недела, но поради фактот што во својата кампања Флорентино ги искористи и имиџ-правата на Португалецот, настана мала збрка во Португалија.
Мурињо се уште е под договор со Бенфика и беше непријатно да се гледа како дава потврден одговор во видеото кое го објави Перез, меѓутоа брзо во јавноста пристигна и објаснување за целата ситуација.
Имено, Мурињо ја информирал Бенфика дека тој не се појавил во видеото кое го сподели Перез, односно им нагласил на челните луѓе дека станува збор за видео кое е изработено со помош на вештачка интелигенција.
Мурињо морал да се правда за тоа што е употребен во претседателската кампања на Перез, но од друга страна, повеќе од јасно е дека тој ќе ги преземе „Кралевите“ ако се остварат очекувањата.
Перез влегува како голем фаворит за победа во неделните избори, па ако тоа се исполни, Бенфика ќе добие 15 милиони евра, а Мурињо ќе ја започне својата втора етапа како тренер во шпанската престолнина.
MOUcha historia por hacer. pic.twitter.com/7wLmDk8r2M
— Florentino 2026 (@Florentino2026_) June 3, 2026







