Вембањама по брејкот на Никс: Воопшто не сум загрижен

Дерби

04/06/2026

15:04

255

Големина на фонт

а а а

Њујорк ја отвори финалната серија во НБА лигата на посакуван начин и направи брејк во Тексас, а со самото тоа ја продолжи импресивната серија и стигна до 12-та победа во низа во плејофот.

Никси изгледаат незадржливо во овој момент и со брејкот во првиот меч му „фрлија ракавица“ на Сан Антонио, кој дефинитивно ќе мора да поправи неколку работи пред вториот натпревар.

Виктор Вембањама како главна ѕвезда на тимот не успеа да помогне за подобар резултат и покрај 26-те поени, 12 скокови и 3 блокади, но по поразот, популарниот Вемби не креваше паника и најави дека воопшто не е загрижен од неверојатната серија на Њујорк.

– Се согласувам со критиката од тренерот Мич, не се браневме добро и не бевме доволно добри во рекетот. Бев лош вечерва и не треба да се комплицира повеќе од тоа.

– Им дозволивме премногу офанзивни скокови, тоа е наша вина и им дозволивме да го искористат моментумот. Имам чувство дека се „лизнавме“, но има уште многу за игра. Бевме во негатива во плејофот оваа сезона, воопшто не сум загрижен. Сигурен сум дека ќе бидеме многу подобри на следните натпревари, тргнувајќи од мене, па сите останати, – изјави Вемби по поразот од 95:105.