Иновативните никотински производи без чад играат клучна улога во помагањето на пушачите да се префрлат на помалку штетни алтернативи од цигарите, но нивниот ефект е многу значаен и за луѓето од опкружувањето на пушачите, покажа анкетата на глобалната мрежа на организации „Ние сме иновации“ (We Are Innovation) спроведена од Ипсос.
Оваа анкета беше спроведена во пет земји, Канада, Франција, Јапонија, Обединетото Кралство и САД и опфати над 4.000 испитаници, при што ги оценуваше и мереше перспективите на пријателите, партнерите и членовите на семејството на поранешните пушачи за преминот од традиционални цигари кон иновативни никотински производи. Резултатите покажаа дека членовите на семејствата и пријателите на луѓето кои почнуваат да користат иновативни производи без чад чувствуваат поголеми позитивни промени отколку пушачите што се префрлиле на користењето на овие производи, како на пример подобрен мирис, емоционална благосостојба, дружељубивост и квалитет на живот. Најизразена промена, сепак, е силното намалување на изложеноста на пасивно пушење.

Најголемите подобрувања се забележани кај луѓето кои живееле во исто домаќинство со некој што преминал од користење цигари на производи без чад. Меѓу нив, најмладите испитаници, на возраст од 18 до 34 години, пријавиле значително поголеми придобивки во квалитетно време поминато со блиските отколку постарите испитаници. Луѓето кои познаваат некој што преминал на помалку штетни алтернативи ги оценуваат овие производи повисоко. Испитаниците кои биле сведоци на користење на одреден производ без чад од страна на пријател или роднина за престанок на користење на традиционални цигари, сметаат дека нивната ефикасност е висока во сите три категории производи: 89 отсто ги опишале уредите што го загреваат тутунот како корисни, 86 отсто ја дале истата оценка за никотинските ќесички и 84 отсто за електронските цигари.

Покрај ефикасноста, мнозинството испитаници во сите земји се согласуваат дека иновативните производи без чад се значително побезбедни од традиционалните цигари. Процентот на оние кои се согласуваат се искачува до 73 отсто кај оние кои имаат пријател или роднина кој преминал на користење на овие производи.
Федерико Н. Фернандез, извршен директор на „Ние сме иновации“, истакна дека ова истражување им дава глас на корисниците на иновативните производи без чад, но и на луѓето околу нив.
- Дебатата за иновативните никотински производи предолго ги игнорираше луѓето што се најмногу засегнати. Не се само пушачите, туку и нивните семејства, партнери и пријатели. А тие кажуваат јасно: пристапот до иновативните производи спасува животи и ја подобрува благосостојбата на цели заедници. Регулаторите кои продолжуваат да го игнорираат ова, го прават тоа со вистинска човечка цена – изјави Фернандез.

Во време кога повеќе од милијарда пушачи ширум светот продолжуваат да бараат ефикасни алтернативи на цигарите, ова истражување го истакнува поширокото општествено и домашно влијание на иновативните производи без чад. Се смета дека овие производи значително го подобруваат квалитетот на живот, семејната динамика и социјалните интеракции. Силната поддршка во сите анкетирани земји за пристапот на возрасни пушачи до иновативните производи без чад дополнително ја зајакнува потребата за креирање политики засновани на докази, фокусирани на намалување на штетата и избор на потрошувачите.















